Толку се вкусни овие похувани прсти од модар патлиџан што можам да ги јадам секој ден, а воопшто не се тешки за приготвување.
Не е тешко да се испохува модриот патлиџан, но пробајте го на овој начин, излегува фантастичен на вкус. Парчињата изгледаат како пилешки прсти, а всушност во нив нема ни трошка месо.
Па, кога сето тоа ќе се измеша и вкусовите ќе се впијат, не можам да ви опишам колку е вкусно. Воопшто не се масни и се подготвуваат за брзо време, а се и одлично јадење кога немате време или доколку ви се најавиле некои гости.
ЕМ КРЦКАВ ЕМ СЕ ТОПИ ВО УСТА – Похуван модар патлиџан, прсти да излижеш
Модриот патлиџан е многу вкусен, особено ако правилно се подготви. Под тоа се подразбира да се зачини убаво, да се додаде кромитче или лукче…
Во продолжение може да прочитате како да ги подготвите највкусните похувани прсти од модар патлиџан со додавање на 1 состојка во нив, на која досега веројатно не сте се сетиле. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 модар патлиџан, половина пиперка, 1 главица кромид, 1 јајце, 150 г пченично брашно, 150 мл ладно пиво, сол и црн пипер, масло за пржење.
За сосот: 125 мл цврст јогурт (павлака), 1 лажица мајонез, 1 чешне лук, магдонос, црн пипер.
ПОСТАПКА: Од модриот патлиџан отстранете ги ливчињата покрај дршката. Пресечете го на половина, па потоа на подебели кругови (отприлика со дебелина од еден прст).
Секој круг од модриот патлиџан исечете го на ленти (со дебелина од прст и пол) и потоа исечете на коцки со средна големина. На овој начин подгответе го целиот модар патлиџан, додека да добиете многу коцки (толку ќе имате похувани прсти).
Излупете една главица кромид и исечкајте ја на многу ситни коцки, па истото направете го и со половината пиперка.
Во нелеплива тава загрејте масло на умерена температура. Во загреаното масло додајте ги кромидот и модриот патлиџан и сѐ заедно пропржете на умерена температура додека да омекнат и да ја испуштат својата прекрасна арома. Пред крајот на готвењето, посолете и запиперете по вкус.
Во соодветен подлабок сад изматете го јајцата со виљушка додека да се разреди, додајте го просеаното брашно, сол и црн пипер, па соединете во еднолична смеса.
Постепено, во смесата започнете да преливате ладно пиво и изедначете ги состојките. Пропржените зеленчуци излејте ги во смесата од пиво и измешајте сѐ, додека сите парчиња добро да се обложат.
Смесата при мешање ќе стане погуста, доколку е многу течна, во неа може да додадете повеќе брашно.
Во нелеплива тава загрејте масло на умерена температура, со длабочина од 1-2 см. Во загреаното масло спуштете ја приготвената смеса со помош на две лажици така што самата ќе си добие некаква форма.
Пржете ги прстите додека да добијат златна боја и да фатат убава коричка (се пржат релативно брзо).
Испржените домати вадете ги на хартија, а пред крајот подгответе го сосот така што ќе го измешате цврстиот јогурт, мајонезот, изренданото лукче, ситно сечканиот магдонос и црниот пипер.
Макајте ги похуваните прсти во сосот и уживајте во ова вкусно јадење. Деталите погледнете ги ОВДЕ.