Толку е вкусна оваа салата од модар патлиџан што можам да ја јадам секој ден, а воопшто не ми е ни тешко да ја приготвувам. Модриот патлиџан се сече на тркалца кои потоа се печат во сува тава, без капка масло, па се премачкуваат со ароматичен сос од билки и лукче.




Па кога сето тоа ќе се измеша и вкусовите ќе се впијат, не можам да ви опишам колку е вкусно. Порано си ја приготвував салатава во тегла за да имам за зимница, но денес модриот патлиџам може да се најде во речиси сите сезони, па секојпат свежо си го приготвувам и не ми е толку мрсен.




Ова ми се двата фаворитни начини за приготвување и зачинување, па во зависност од сезоната, така и ги применувам. Вие одберете си кој повеќе ви се допаѓа, а секако, по вкус можете да ги менувате зачините и билките. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 модри патлиџани, 3 чешниња лук, 1 китка магдонос, 50 мл маслиново масло, малку оцет и сол по вкус.

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2-3 модри патлиџани, 3-5 чешниња лук, 1 китка свеж босилек, 50-80 мл маслиново масло, зачини: сол, црн пипер, чили, ароматични билки – италијанска мешавина




ПОСТАПКА за рецепт 1: патлиџаните измијте ги и излупете ги наизменично (не до крај, да бидат малку шарени). Исечете ги на кругови со дебелина од 1 см. Посолете ги и добро измешајте ги за да се нафати солта рамномерно. Секој круг со помош на силиконска четка премачкајте го со малку масло од двете страни.




Наредете ги круговите во плех обложен со хартија и ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 степени, неколку минути додека убаво да заруменат. Во меѓувреме ситно исечкајте го магдоносот, лукчето, помешајте со маслиново масло, додајте малку оцет по вкус и малку посолете.




Земете еден сад и во него ставете околу три лажици од мешавината со масло и магдонос. Потоа редете ред печени кругови од модар патлиџан, па ред од мешавина за премачкување, и сè така додека да ви се потроши материјалот. Салата добро изладете ја, па послужете ја. Еве ја постапката и за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за рецепт 2: модриот патлиџан исечете го на тркалца, а секое тркалце посолете го од двете страни. По можност наредете ги на голем послужавник/даска и оставете ги 15-тина минути за да го испуштат сокот.




Во меѓувреме пригответе ја маринадата: во еден помал сад измешајте го маслото со сите зачини, додајте ситно рендано лукче или истиснато низ преса, босилекот исечкајте го најситно што можете, па и него додајте го. Отако добро ќе ги измешате состојките, садот оставете го во фрижидер 20-тина минути.




Тргалцата од модар патлињан избришете ги со хартиена салветка. Овој чекот е многу важен, а секое парче треба добро да се исуши за да не се исуши при печењето. Редете ги во сува тава загреана на умерена температура, па печете ги од двете страни превртувајќи неколкупати додека убаво да зарменат.

Кога сите ќе ги испечете секое парче премачкајте го со приготвената маринада, редете ги едно врз друго (од топлината дополнително ќе омекнат), па покријте ги и оставете ги 20-тина минути за да се впијат вкусовите. Послужете како предјадење, закуска, мезе или едноставно како лесен оброк и уживајте во прекрасниот вкус.