Можеби сте слушнале за погачиците под името „кашкавалки“, а овие се слични на нив, со тоа што наместо кашкавал, се става сирење.
Вкусот не се опишува, мора да се проба. Исто така, во оригиналниот рецепт не се става прашок за печиво, но кој сака може да додаде половина лажичка (или 1/2 кесичка).
Ова е рецепт на Вера Черфељ.
Потребни состојки: 500 г сирење, 250 г путер или маргарин омекнат на собна темпоература, 500 г брашно, јас ставив уште малку, 1 јајце (½ прашок за печиво, не мора – опционо)
Постапка: сирењето ситно изрендајте го, путерот на собна температура изматете го пенасто со помош на електричен миксер, па додајте му ги една по една сите состојки и замесете убаво, мазно тесто.
Добиеното тесто завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да одмори во фрижидер, најмалку еден час. Ова е потребно за да се стегне повторно путерот и тестото полесно да се развлекува во кора.
Потоа, со помош на оклагија тестото развлечете го во правоаголна кора со средна дебелина (погледни фото подолу), да не е премногу тенка, ниту дебела, па потоа кората префрлете ја на превртена тепсија. Уште малку развлечете со оклагијата.
Одозгора притиснете со решетката од рерна, така да добиете прво надолжни линии, а потоа и коцки, па со остар нож полека исечете ги коцкичките.
Можете да се послужите со самите линии од решетката, а доколку имате сигурна рака, можете да сечете после исцртувањето (ова ако сакате да имате еднакви по големина коцкички)
Одозгора ореку целата површина премачкајте со жолчка разматена со една лажица масло, наросете со сусам или некое друго семе по ваш избор и ставете на печење во загреана рерна на 200 степени, кратко време додека да заруменат малку.
Сличен рецепт за погачици од три состојки можете да погледнете на следното видео ОВДЕ.
Во овој рецепт на Ивана ќе ви бидат потребни следните состојки: 300 г фета сирење, 250 г путер или маргарин и 300-350 г брашно. Ќе ви треба и едно јајце за премачкување и сол ако сирењето не е солено.
Сирењето иситнете го со виљушка, додајте го путерот омекнат на собна температура, па убаво соединете ја смесата. Постепено додавајте го брашното додека да добиете убаво, мазно и компактно тесто.
Оставете го завиткано во проѕирна фолија да одмори во фрижидер околу половина час. Потоа со оклагија развлечете кора и со чаша вадете ги погачиците. Редете ги во плех обложен со хартија или намастен со путер.
Одозгора премачкјате ги со жолчка од јајце. Рерната добро загрејте ја на 200 степени, па ставете ги погачиците да се печат околу 20 минути, а може плус или минус некоја минута, во зависност од вашата рерна. Можете да ги јадете топли, а остануваат меки и до два-три дена.