Добар ден, добри луѓе. Денеска правам вкусно печиво со сланина и сирење! Има ли нешто подобро од меко,топло печиво свежо излезено од рерна. Ако нешто ми ја прави дyшата бeзбедна и cмиpeна, тоа е мирисот на топлите пити, кои често ни ги правеше мајка ми кога бевме деца со брат ми.
Ова е една верзија на многу вкусна и лесна пита која се подготвува без стасување на тестото, а покрај тоа не се користи оклагија. Целото тесто се замесува како што е опишано подолу во постапката, а потоа со помош на прстите се развлекува во една тепсија. За да ја подготвите оваа пита, ќе ви бидат потребни следниве состојки:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша топло млеко (200 мл), 1 јајца, 1 лажица гранулиран шеќер (20 г), 1 лажица сув квасец (10 г), 1 лажичка сол (8 г), 400 г брашно, 100 г сирење по ваш избор, 100 г сланина, мек путер (70 г), малку магдонос.
Потребни состојки за премачкување: 1 жолчка од јајце измешана со 1 лажица млеко, малку сусам за наросување, 1 шери домат за декорација, неколку ленти тврд кашкавал. Постапката проследете ја во продолжение:
ПОСТАПКА: Јајцата и млекото се оставаат на собна температура минимум 1 час пред подготовка на питата. Во подлабок сад ставете го млекото кое треба да биде млако или на собна температура. Додајте го шеќерот и со жица или маталка измешајте ги состојките.
Додајте го квасецот и добро измешајте. Вака подготвената смеса оставете да отстои неколку минути додека квасецот малку да запени. Потоа додајте 1 јајце, изматете го малку, па ставете го во квасецот. Растопете го малку путерот, додајте го и соединете.
Настрана ситно исечкајте малку магдонос и додајте го во садот. Сланината исечкајте ја на ситни коцки (претходно извадете ја р’скавицата), па и неа додајте ја во смесата за тесто. Сирењето директно издобете го внатре, додајте сол колку е потребно и продолжете со мешањето.
Најпосле започнете со постепено додавање на брашното. Мешајте со шпатула или лажица додека да се соединат состојките и да згусне смесата. Формирајте меко и мазно тесто, кое се одвојува од ѕидовите на садот. За тестото не е потребно долго мешање, доволно е само да се соединат сите состојки.
Во еден кружен плех, премачкајте со малку растопен путер и на средина ставете го тестото. Со помош на прстите (малку намастени), развлечете го тестото додека да се исполни целата тепсија, а неговата дебелина треба насекаде рамномерно да се распореди.
Вака подготвеното тесто се остава да одмори 30 минути (оптимално време за да биде меко), а по изминатото време се сече на парчиња по желба. Тестото може да го исечете на коцки, правоаголници или како мене, на триаголници-пица парчиња.
За декорација, на средина може да ставите 1 шери доматче, а помеѓу секое парче да ставите подебел лист од кашкавал. Изматете 1 жолчка со 1 лажица млеко и премачкајте го тестото одозгора, а остатокот истурете го измеѓу празнините каде го ставивте кашкавалот.
Одозгора наросете со сусам по желба или некои други семки. Печете во претходно загреана рерна на 200°C, 40-45 минути во зависност од рерната. По печењето, питата се остава малку да се олади, па се послужува. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.