Една од нашите омилени погачи. Многу ја сакаме, често ја правиме особено е задолжителна за гости.
Потребни состојки:
500 г брашно
90 мл маслиново масло
200 мл суво бело вино
2 лажички сол
за фил:
350 г варен спанаќ
350 г Рикота или сирење по ваш вкус (може урда со к.павлака)
1 јајце
100 г рендан кашкавал
1 лажица лебни трошки, презла
сол, црн пипер
1 разматено јајце за премачкување
Постапка:
Пригответе ги сите состојки, а спанаќот сварете го и процедете го. Замесете го тестото: измешајте сол и брашно, па продолжете да мешате додека полека додавате масло.
После маслото додавајте го виното додека да се добие убаво мазно тесто. Поделете го тестото на два дела и покриено оставете го да отстои додека да се приготви филот. Измешајте ситно исечкан спанаќ со рикота. Потоа додадете јајце, сол и црн пипер, а потоа и рендан кашкавал. Добро промешајте за да добиете изедначена смеса.
Двете половини од тестото развлечете ги во кори во форма на круг (30 см). Кружна тепсија обложете ја со хартија, и ставете ја првата кора. Наросете лебни трошки, означете со соодвете сад- круг во средината и уште еден прстен подолу.
Ставете фил во означените кругови а краевите премачкајте ги со разматено јајце. Потоа поклопете со другото тесто. Исечете го вишокот и целата погача порабете ја со помош на виљушка.
Потоа со стар нож од првиот круг започнете да сечете кон надвор, со ширина од 3 см. Потоа секој пресечен дел вртете го за 90 степени.
Средишниот дел премачкајте го со разматено јајце и наросете го со сончоглед. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, околу половина час, односно додека да зарумени.
Извадете од рерна и сервирајте на соодветна чинија, па послужете како топло или ладно предјадење или како “мезе” со пијалак.
Coolinarika.com