Ова слатко печиво со цимет, путер и јаткасти плодови е еден од оние рецепти што еднаш кога ќе се направат, редовно се повторуваат.
Меко однатре, богато со вкус и со примамлив мирис што ја исполнува целата кујна – идеално за семејни собирања, празнична трпеза или квалитетен домашен појадок со кафе или чај.
Рецептот е едноставен, а резултатот изгледа како од добра пекарница, пишува НМД. Еве што ви е потребно:


🧾 Потребни состојки
За тестото:
• 360 г брашно
• 100 мл млако млеко
• 50 г шеќер
• 1 лажица сув квасец
• 8 г ванилин шеќер
• 1 јајце
• 1/2 лажичка сол
• 125 г течен јогурт
• 2 лажици сончогледово масло
• 1 лажица путер
За крем-преливот:
• 60 г путер
• 100 мл течна павлака
• 2 лажички цимет
• 80 г кафеав шеќер
• НМД
Додаток:
• 1 полна рака сечкани бадеми
• 1 полна рака сечкани ореви
За валкање:
• 4 лажици кафеав шеќер
• 2 лажички цимет


👩🍳 Постапка
Во брашното направете вдлабнатина, па сипете го млакото млеко, шеќерот и сувиот квасец. Лесно промешајте со виљушка и оставете кратко да се активира.
Потоа додајте ванилин шеќер, јајце, сол, течен јогурт и сончогледово масло, па измешајте додека да се соединат состојките.
Замесете компактно, меко тесто. Додајте го путерот и домесете додека да се инкорпорира целосно и тестото да стане мазно и еластично. Покријте и оставете да ферментира 50–60 минути, додека да го удвои волуменот.
Во меѓувреме, во мало тенџере ставете путер, течна павлака, цимет и кафеав шеќер. Загревајте на тивок оган, мешајќи со лажица, додека да се добие фин, хомоген крем кој лесно ќе проврие. Тргнете настрана.
Бадемите и оревите ситно исечкајте и оставете ги подготвени.
Калап за куглоф намастете го со путер. Сипете малку од кремот на дното и посипете со дел од сечканите јаткасти плодови.
Во посебен сад измешајте кафеав шеќер и цимет за валкање.
Стасаното тесто истресете го на лесно набрашнета површина, развлечете го во правоаголна кора и исечете го на еднакви коцки. Од секоја коцка обликувајте топче со големина на пинг-понг топче.
Секое топче валкајте го во мешавината од шеќер и цимет и редете ги во калапот.
Посипете со преостанатите бадеми и ореви, покријте и оставете уште 30 минути да нарасне. Потоа залијте со остатокот од крем-преливот.
Печете во претходно загреана рерна на 180 °C, 25–30 минути, додека да добие убава златно-кафеава боја.
Оставете кратко да се подизлади, па внимателно превртете го врз десертна чинија. Печивото се кине на мали парчиња и е особено вкусно додека е млако. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:


































