Во оваа погача ќе се вљубите веднаш штом еднаш ќе ја вкусите. Фотографија и рецепт на Тања Стаменковска

Потребни состојки: 500 г брашно, 200 мл млеко, 100 мл вода, 100 мл масло, 1 јајце, 1 белка од јајце + 1 жолчка (одвоени), 20 г свеж квасец, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол

Постапка: Се дроби квасецот и му се додава шеќер, па се растопува во 100 мл млака вода и се додава малку брашно.

погача моцарела (Фото и рецепт: Тања Стаменковска)

Се остава 10-тина минути на топло да се активира. Потоа се додава млако млеко, масло, јајцето, белката и малку сол, па со постепено додавање на брашното се замесува убаво средно меко тесто што не лепи на раце.

погача моцарела (Фото и рецепт: Тања Стаменковска)

Тестото се формира фо топка и малку се притиска со оклагија за да се добие форма на диск.

погача моцарела (Фото и рецепт: Тања Стаменковска)

Се става во намастен плех бр.28. Одозгора се премачкува со жолчка и се пресекува како ѕвезда на 8 делови.

погача моцарела (Фото и рецепт: Тања Стаменковска)

Се остава вака да нарасне и пред печење во засеците се ставаат парчиња моцарела.

погача моцарела (Фото и рецепт: Тања Стаменковска)

Се пече на 200 степени околу 25 минути или во зависност од вашата рерна.

погача моцарела (Фото и рецепт: Тања Стаменковска)

Фото и рецепт: Тања Стаменковска

погача моцарела (Фото и рецепт: Тања Стаменковска)