Рецепт и видео прилог на: Cucina Facile Tashev
Вкусна и мека како памук погача, филувана со урда. За рецептот има и видео прилог од постапката.
Потребни состојки: 120 мл млеко, 100 мл вода, 40 мл масло, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сол, 20 г свеж квасец, 1 белка од јајце и 400 г брашно. За фил: 1 јајце, 250 г урда/рикота и 1-2 лажици свеж магдонос
Постапка: Квасецот издробете го па додадете 100 мл млака вода и 120 мл млако млеко. Промешајте за да се растопи квасецот, па додадете 40 мл масло и белка и од едно јајце.
Промешајте и соединете ги течните состојки, па додадете две лажички сол и една лажичка шеќер. Измешајте за да се растопат. Постепено додадете го брашното и мешајте најпрво со маталката, а потоа и со рака. Измесете го тестото, а потоа 20 пати удрете го од висина врз работната површина.
Тестото покријте го со крпа и оставете го да стасува еден час. За тоа време пригответе го филот. Измешајте едно јајце и 250 г рикота (кремаста урда), а доколку имате обична сува урда, во неа додадете 1-2 лажици кисела павлака и промешајте за да добиете кремаста структура. Посолете и додадете ситно сечкан свеж магдонос.
На набрашнета површина истресете го стасаното тесто и поделете го на два дела. Без премногу гмечење, од секој дел формирајте најпрво валјак, а потоа со помош на оклагија развлечете долгнавеста, правоаголна кора. На едната страна направете засеци (погледни видео) на околу 1,5-2 см растојание. Од другата страна нанесете половина од филот. Потоа свиткајте во ролат-гасеница.
Ролатот свиткајте го како полжав и ставете го во намастена тркалезна тепсија. Истата постапка повторете ја и со второто тесто, а вториот ролат-гасеница, надоврзете го на првиот.
Погачата одозгора премачкајте ја со жолчка и наросете сусам. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: