Ако имате брашно и вода, основни состојки од кујната, не пропуштајте и направете ја оваа погача која е повкусна и од торта. Се замесува како обично тесто, но понатаму постапката и резултатот ќе ве воодушеви. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 мл топла вода, 100 мл топло млеко, 50 мл масло, 60 г шеќер, 1 белка, 10 г свеж квасец (1 лажичка сув квасец), 1 кесичка ванили шеќер, 1 прстофат сол, 450 г брашно, 20 г какао во прав, 20 г путер, 3-4 лажици нутела, 2-3 раце мелени/ситно сечкани ореви или лешници, 1 жолчка + 1 лажичка млеко за премачкување на погачата
ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете млеко, вода, масло, шеќер, една сирова белка од јајце (на собна температура), квасец, ванилин шеќер и прстофат сол, па промешајте додека состојките да се растворат и изедначат.
Потоа започнете постепено да го додавате брашното, па кога ќе се формира компактно тесто, замесете со рака. Тестото треба да биде помеко од обично и сосем малку лепливо. Поделете го на два дела.
Едниот дел домесете го со уште малку брашно додека престане да се лепи и да стане еластично и мазно, а во другото тесто додајте какао во прав и исто така, измесете го добро додека целото да стане кафеаво и мазно.
Во секое од тестата ставете по 10 г путер омекнат на собна температура, па уште малку измесете додека да се инкорпорира и впие. Покријте ги тестата со стреч фолија и оставете ги на топло место да ферментираат додека убаво да го зголемат волуменот.
Прво премесете го кафеавото тесто, а потоа развлечете го во правоаголна тенка кора. За да не ви лепи сосем малку наросете брашно или какао. Потоа истото направете го и со белото тесто.
Кафеавата кора поставете ја врз белата кора и уште малку заедно развлечете ги со оклагијата. Отсечете ги краевите за да добиете правилен правоаголник. Една третина од кората исечете ја на ленти со широчина од 1.5-2 см и малку спирално свиткајте ги.
Од другата страна на кората нанесете неколку лажици нутела, лешников крем или џем (од сливи најмногу одговара) и наросете мелени и ситно сечкани ореви или лешници. Внимателно свиткајте го ролатот.
Погачата можете да ја печете во калап за куглоф или во обична тепсија. Калапот намастете го со путер, па поставете го внатре ролатот како прстен, да му се спојат краевите.
Покријте го со стреч-фолија или кеса и оставете на топло место да ферментира додека да го удвои волуменот. Потоа премачкјате го со изматена жолчка и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени приближно половина час.
Додека е топла можете да ја премачкате со малку путер, па да ја оставите да излади. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „ПОГАЧА МЕКА КАКО ПАМУК: Најлесниот начин, овој рецепт можат да го направат и почетници…“ – ОВДЕ.
ПОГАЧА МЕКА КАКО ПАМУК: Најлесниот начин, овој рецепт можат да го направат и почетници…