Различни компании произведуваат различни препарати и производи за нега и подмладување на кожата. Притоа ветуваат бришење на фините линии и брчките, подобрување на тонусот на кожата, изедначување на тенот, избелување на дамките, како и подигнување на очните капаци.
Проблемот е во тоа што многу производи содржат хемикалии кои ги втриваме и лесно продираат преку кожата, а со долготрајна употреба би можеле да се наталожат и да му предизвикаат штета на нашиот организам. Многу е важно да ги читаме состојките од декларацијата на амбалажата од секој производ, бидејќи сите тие состојки продираат во нашиот организам.
За среќа, секогаш постојат природни препарати и замени на скапите производи кои подеднакво ефикасно, а некогаш и многу подобро делуваат и ја разубавуваат нашата кожа, без никакви несакани ефекти и беш штетни супстанции кои би можеле да навлезат во организмот.
Старите познавачи на тајните за нега на кожата велат: „Доколку она што планирате да го ставите на вашата кожа, не можете да го изедете, тогаш подобро фрлете го“.
Можеби не сте знаеле, но постои една намирница која секојдневно ја користиме во исхраната и во кулинарството, а која многу ефикасно може да помогне за подобрување и разубавување на вашата кожа. Станува збор за најобичниот лук.
Како природна и органска состојка многу се користи во централна Азија каде луѓето особено го го ценат лукот како извор на храна, но и во козметиката за нега и разубавување, со одлично благопријатно дејство врз кожата.
Со воведување на лукот во секојдневната исхрана ќе го регулирате нивото на холестеролот и ќе го намалите „лошиот“ холестерол, ќе ви помогне во превенција и борба против тешките болести, но исто така, ќе си го зајакнете имунитетот и ќе се заштитите од вирози и настинки.
Можеби не сте знаеле, но со лукот може да се прави и многу добар и ефикасен пилинг, да се лекуваат разни ранички, акни и мозолки, како и да се третираат разни неправилности на кожата. Пригответе природен крем со лук кој ќе можете да го користите секој ден и да ги искористите сите бенефити кои претходно ги набројавме.
За да го приготвите овој природен и ефикасен крем, ќе ви бидат потребни следните состојки: едно покрупно или неколку помали чешниња лук, една лажица бела глина, една лажичка мед, ладна вода за миење, пешкир, лажица и чинија.
Постапка: Лукот претворете го во паста (дали ситно ќе го исечкате, па ќе го истолчите, или ќе користите блендер или преса – тоа е ваш избор). Потребно е да добиете околу една лажичка паста од лук. Во смесата додадете една лажичка мед и една лажица бела глина.
Белата глина е евтина и можете да ја купите од било која аптека или подобро снабдена продавница за здрава храна. Сите состојки добро измешајте ги за да се соединат и изедначат. Треба да добиете хомогена смеса која лесно ќе можете да ја нанесете врз лицето без да ви капе или истекува.
Ако е потребно додадете уште малку бела глина за да ја згуснете смесата. измијте го добро лицето и отстранете било каква нечистотија од него. Обезбедете ја косата со венче за да не ви пречи. Натопете еден пешкир во топла вода, па нанесете го на лицето и оставете го 5 минути за да ви ги отвори порите.
Потоа со четка нанесете ја смесата врз целото лице. одбегнувајте го пределот околу очите и внимавајте да не ви капне од смесата во очите. Оставете да ви делува 10/15 минути. Можеби ќе почувствувате пецкање, но тоа значи дека кремот делува. Сепак, пецкањето треба да биде во границите на издржливото.
Доколку чувствувате било каква непријатност, имате пречувствителна кожа или сте алергични на некоја од состојките, беднаш измијте се со ладна вода. По истекот на предвиденото време со тупфер натопен во ладна вода отстранете го поголемиот дел од кремот, а потоа измијте го целото лице.
Доколку не можете да поднесувате студена вода, тогаш замлачете ја, да биде на температура од приближно 37 степени, како што е телесната температура. Овој третман можете да го повотрувате секој ден до постигнување на посакуваните ефекти. Совет: За да проверите дали имате сензитивна кожа, најпрво нанесете на еден мал дел од кожата, па доколку не се појават реакции, тогаш слободно продолжете со консумирањето.
Ефектите од оваа маска за лице ќе можете да ги забележите за само неколку денови од отпочнувањето со користењето. Но, многу е важно да го издржите силниот мирис на лукот, бидејќи верувајте, ефектите и крајниот резултат што ќе го добиете на крај, навистина ќе ви се исплати.