Побрзо и полесно од ова не може…Изматете го шлагот, а сѐ останато додајте по желба…
Многу брза и лесна торта, одлична за летните, но и зимските денови.
Можете да ја направите и со смрзнато овошје, со какви било јаткасти плодови и мелено овошје, но основата треба да биде потврда, па секогаш оди со бисквити. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
600 г шлаг во прав
600 МЛ ладна газирана (минерална) вода
250 г мелена плазма/бисквити по избор
2 лажици еурокрем
200 г мелени ореви
150 г рендано чоколадо
ПОСТАПКА:
Изматете 200 г шлаг во прав со 200 мл газирана вода, па додајте мелени бисквити. Смесата распоредете ја во обложен калап 21 см.
Повторете ја постапката, па во шлагот додајте 200 г мелени ореви или лешници и 2 лажици нутела. Распоредете врз првиот слој и вратете во фрижидер.
Во третиот дел додајте 150 г рендано чоколадо. Распоредете го и овој слој, па оставете ја тортата во фрижидер неколку часа. Декорирајте со 2 шлаг креми од чоколадо. Видеото погледнете го ОВДЕ.
https://youtu.be/qiACoh32GaI?si=01XOMVaiPETVubFr