Фото и рецепт: Анита Стојановска
Потребни состојки:
½ квасец
1 лажица шеќер
1 лажица брашно
150 г млако млеко
Овие состојки се замешуваат. Смесата се остава на топло оклу 10-тина минути за да се активира квасецот.
Потоа се додава:
1 лажица јогурт
200 г брашно
1 лажиче сол
3 лажици масло.
Се замесува тесто и се остава на топло да надојде околу половина час.
Од тестото се кинат топчиња (околу 13) и со дланките лесно се расукуваат во облик на стапчиња. Се редат во плех обложен со хартија за печење и уште еднаш се оставаат да стасаат околу половина час.
Се печат 10-тина минути на 200 степени.
Откако ќе поцрвенат малку, се прелеваат со лажиче од следниот прелив:
1 мала лажичка сол
2 лажички брашно
малку сода бикарбона или печиво.
Преливот е малку погуст од смеса за палачинки.
Се печат уште 5 минути.