Потребни состојки:

1 пакување розен кори

За Крем:

1,5 литар млеко

2 пудинзи од чоколадо

200 г шеќер

4 лажици брашно

2 лажици густин

300 г чоколадо за готвење

250 г млечно Милка чоколадо

3 ванилин шеќер

200 г путер/маргарин

За Глазура:

50 г путер/маргарин

50 г Милка чоколадо

100 мл слатка павлака

Постапка:

Загрејте литар млеко додека да зоврие, па полека со мешање додадете ги преостанатите половина литар млеко промешано со пудинг, брашно, густин и шеќер.

Кога кремот ќе згусне тргнете од оган и додадете го чоколадото искршено на коцки. Прво мешајте со лажица додека чоколадото да се растопи, а потоа неколку минути со миксер.

Прелијте во сад во кој ќе се лади и прекријте со проѕирна фолија.

Путерот изматете го со ванилин шеќер и додадете во изладениот крем.

Премачкајте ги розен корите, редете една врз друга, па оставете во фрижидер да излади неколку часа. Потоа прелијте со глазура од чоколадо, путер и слатка павлака, растопени на пареа.

coolinarika.com