Многу едноставна торта.
Потребни состојки:
3 јајца
21 лажица шеќер
16 лажица масло
21 лажица млеко
23 лажици брашно
1 прашок за печиво
2 лажици какао
500 мл млеко за натопување на корите
За фил:
4 кисели павлаки
250 г шеќер во прав
300 г мелени плазма
Постапка:
Изматете ги јајцата и постепено додадете ги останатите состојки. Од целата смеса што ќе се добие треба да се испечат три кори.
Можете за секоја кора посебно да ја приготвувате смесата, или одеднаш, па да ја поделите на три дела (за една кори обично се ставаат 2-3 кутлачи од смесата).
Корите се печат во намастен и набрашнет плех со средна величина, во загреана рерна на 180 степени. Печените кори се натопуваат со млеко.
За фил: измешајте ги сите состојки во еднолична смеса.
Редење: Секоја кора филувајте ја со смесата, а одозгора украсете со шлаг, рендано чоколадо, овошје или нешто по желба.