Оваа торта беше главен хит на роденденот на син ми и сите ми го бараа рецептот, па еве ќе го споделам и со вас.

Потребни состојки за една кора:

5 белки

5 лажици шеќер

5 лажици мелени бисквити

За фил:

15 жолчки

250 г + 4 лажици шеќер

500 мл млеко

2 пудинг со вкус на слатка павлака или ванила

375 г путер/маргарин

Остаток од 300 г плазма кекси

100 г бело чоколадо

И уште:

4 крем шлаг крем со вкус на ванила

Постапка:

Од 300 грамско пакување мелена плазма издвојте 15 рамни лажици за 3 кори, а остатокот сочувајте го за фил. Изматете белки, додадете шеќер и мелена плазма па испечете ги корите на 200 степени околу 20 минути.

За фил: на пареа сварете ги жолчките со 250 г шеќер, посебно сварете ги пудинзите во млеко со 4 лажици шеќер. Кога ќе изладат измешајте ги жолчките и пудингот со пенесто изматен путер, па додадете го остатокот од мелените бисквити и ренданото бело чоколадо.

Според упатството изматете го шлагот па филувајте: кора – фил – шлаг.