Home Рецепти Пиварки, посни колачи со пиво, ровки, навистина се топат во уста! Едноставен...

Пиварки, посни колачи со пиво, ровки, навистина се топат во уста! Едноставен рецепт, не можете да згрешите

Ова се највкусните посни колачи, многу едноставни, а пивото им дава ровкост и фина арома… Се приготвуваат многу лесно и не можете да ги погрешите.

Потребни состојки:

1 шолја од 200 мл пиво

2 шолји масло

Брашно по потреба (околу 500-600г)

1 прашок за печиво

За сируп:

2 шолји (250 мл) шеќер

1 шолја вода

Малку лимонов сок

Мармалада

Ореви или бадеми

За валкање: 150 г кокос или мелени ореви

Постапка:

Малку брашно ставете на дното од садот. Ставете пиво, масло и малку промешајте со дрвена лажица, па додадете го прашокот за печиво. Додадете уште брашно така да добиете средно меко тесто.

Нека отстои 15 минути, па расукајте кора и со тркалезен калап вадете од тестото.

На секоја пиварка ставете малку мармалад и некоја јатка од орев или бадем, лешник… па затворете од сите страни. Наредете за печење. Се пече на 200 степеним, не премногу долго.

За време на печењето ставете вода и шеќер да зовријат па тргнете на страна.

Печените колачи уште додека се топли (но не и врели) ставете ги во сирупот, завртете ги од едната, па од другата страна. Вадејќи ги од сирупот веднаш валкајте ги во кокос.