Потребни состојки:

500 г брашно

1 лажичка сол

4 лажици масло

260 мл млака вода

За фил:

400 г свежо сирење

150 г јогурт

3 јајца

Сол по вкус

Постапка:

Во брашното додадете сол и масло па добро замесете со постепено додавање на водата додека да добиете меко тесто и да се појават меурчиња.

Премачкајте го со масло, поклопете го во садот и оставете го тестото да одмора.

За фил: помешајте ги сите наведени состојки и посолете по потреба.

Тестото префлете го на работна побрашнета работна површина, развлечете го, па префрлете го на чаршав. Премачкајте го со масло и оставете да отстои за да може полесно да се тегне.

Полека и внимателно со прстите тегнете ја кората и внимавајте да не ви се кине. Растресено нанесете фил, па виткајте помагајќи се со чаршавот, така што ќе го подигате а кората сама ќе се витка. За пита виткајте ја во круг во ткалезна тепсија, а можете да правите и банички.

Повторно малку наросете ги со масло. Се печат од 220 -180 на крај некои 30-тина минути.

Откако ќе изладат баничките можете и да ги замрзнете, па кога ќе ви се пријаде само одмрзнете во микробранова печка или во тава малку наросени со вода, поклопете, превртете еднаш-двапати и тоа е тоа.

Recepti.com