Фото и рецепт: Снежанка Жанче
Потребни состојки:
1 квасец стасан со малку вода, брашно и 2 лажички шеќер
100 мл јогурт
100 мл масло
2 јајца
2 лажички сол
250 мл млако млеко (или кисела вода)
1 кг брашно +-
Постапка:
Од наведените состојки се изработува мазно тесто, се остава покриено на топло да стаса.
Потоа се дели на 4 топки. Секое се расукува со оклагија не многу тенко, во правоаголник. Кората се размачкува со омекнат маргарин, се ренда сирење или урда.
Одозгора се става другата кора и повторно маргарин, па сирење или урда. Последната не се мачка.
Се сече на ленти и се вртат, се редат во намастен плех со маргарин. Одозгора се премачкува со јајца и се наросува по желба со ким или сусам.
Фото и рецепт: Снежанка Жанче