Фото и рецепт: Sefka Rakic

Потребни состојки:

500 г спанаќ или блитва
2 шолји пченкарно брашно
1 шолја обично брашно
100 г сирење
4 јајца
100 мл павлака
1 шолја млеко
1 прашок за печиво
Сол по вкус
Путер за премачкување

Постапка:

Спанаќот измијте го убаво и кратко избланширајте го во врела вода со сол. Оставете го спанаќот малку да излади и процеден исечкајте го.

Зељаница (Фото и рецепт: Sefka Rakic)

Изматете ги јајцата и во нив додадете кисела павлака и млеко. Сирењето ситно издробете го и додадете го во смесата.

Во друг сад измешајте ги двете брашна, додадете прашок за печиво и посолете по вкус.

Зељаница (Фото и рецепт: Sefka Rakic)

Течната смеса измешајте ја со сувите состојки и промешајте добро за да се изедначи.

Смесата излејте ја во намастена тепсија и печете во загреана рерна на 200 степени додека да биде печена.

Пред крајот премачкајте ја одозгора со путер. Сечете на коцки и послужете со јогурт, кисело млеко и сирење.

Зељаница (Фото и рецепт: Sefka Rakic)

Зељаница (Фото и рецепт: Sefka Rakic)
Македонска софра