Многу вкусна пита со фил од јаболка и гриз.
Потребни состојки: 500 г тенки кори, 1,5 кг јаболка, 600 г + неколку лажици шеќер, 700 мл вода, 1 ванилин шеќер, 100 г путер или маргарин, малку масло, 3 лажици гриз и по желба ореви, цимет, суво грозје
ПОСТАПКА:
Сируп: 600 г шеќер растопете во 700 мл вода и ставете на оган да зоврие. Ставете го и ванилин шеќерот, па готовиот сируп тргнете го настрана да излади.
Растопете 100 г путер и во него додајте неколку лажици масло. Јаболката излупете ги и изрендајте ги, па додајте неколку лажици шеќер и 3 лажици гриз, за да го впијат вишокот сок. По желба, во филот можете да додадете цимет, суво грозје и ореви.
По две кори спојувајте, премачкувајте ги со путер и масло, па филувајте со јаболка. Филот се нанесува само на еден дел на почетокот, па потоа се витка во ролат. Испланирајте да ви остане доволно фил за сите кори.
Свитканите кори редете ги во плех. Кога сите ќе ги наредите, исечете ги со остар нож, одозгора полијте ги со малку масло и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат. Врелата пита прелијте ја со ладен сируп.