Фото и рецепт: Елена Ангелевска
Потребни состојки:
500 г кори
500 мл млака вода
1/2 коцка свеж квасец
2 шолји брашно
1/2 шолја масло
1/2 лажичка сол
За фил:
500 г урда
3 јајца
1 лажичка сол
Постапка:
Квасецот се става во 500 мл млака вода да се растопи, па се додава солта, маслото и брашното. Се меша и се добива смеса како каша.
На урдата и се додава една лажичка сол и се меша со јајцата.
Се зема една кора, се премачкува со кашата. Врз неа се реди втората кора, па и таа се премачкува. Истото се повторува и со третата кора.
Откако ќе се премачка третата кора, се реди филот (урдата) и се витка во ролат, па се става во намастена тепсија.
Постапката се повторува со сите кори.
Со кашата што ќе остане се премачкуваат корите одозгора и се поросува со сусам.
Вака се оставаат да отстојат 1 час, па потоа се печат на 200 степени додека да заруменат.
Исто така, доколку сакате да направите мини банички, со истата каша премачкајте една кора, ставете фил по желба, свиткајте ја кората како ролат, па потоа во полжавче.
Одозгора премачкајте со кашата.
Печете на 200 степени додека да заруменат.
Фото и рецепт: Елена Ангелевска