Потребни состојки:
500 г брашно
1 јогурт (чашка)
100 мл млако млеко
1 јајце
1 свеж квасец
Мала лажичка сол
Постапка:
Во млако млеко ставете го издробениот квасец и една лажичка шеќер. Кога ќе се активира додадете јогурт малку замлачен (да не е од фрижидер ладен), промешајте и додадете го во брашното, додадете јајце, сол и замесете тесто.
Тестото покриено оставете го на топло околу половина час, потоа размесете го и развлечете го во кора со дебелина од половина сантиметар. Сечете квадрати или правоаголници, а во средината на секој квадрат засечете по една линија. Пржете во загреано масло.