Потребни состојки:
6-10 црвени пиперки зависи од величината
350 г кравјо сирење
4 јајца
1 лажица брашно, по потреба
1 домат
¼ китка магдонос, ситно сечкан
масло, сол, по потреба
Постапка:
Пиперките убаво измијте ги и отстранете им го семето.
Јајцата изматете ги со вилјушка, додадете издробено сирење, издробен домат и магдонос, зачинете по вкус.
Со лажица полнете ги пиперките и одозгора запечатете ги со малку брашно.
Пиперките ставете ги во намастена тепсија и малку полејте ги одозгора. Ставете ги да се печат на 180 степени околу 30-35 минути во претходно загреана рерна.
Деталите можете да ги погледнете во видеото: