Иако изгледа многу едноставно за правење, мора да внимавате на одредени ситници, доколку сакате вашата супа да биде вкусна и да го извлече нутритивниот максимум од нејзините состојки.

Неизбежниот почеток на секој квалитетен ручек, многу едноставна за правење, не одзема многу време и не бара голем кулинарски талент, а носи бројни придобивки за здравјето на целиот организам на сите возрасти. Иако е најпопуларна во зимските месеци, подеднакво е важна и корисна во текот на целата година.




Зошто домашната супа е подобар избор од супа од кесичка или коцка?

Иако купечката е поедноставна и побрза за правење, домашната супа со само малку повеќе труд носи безброј придобивки. Готовите супи се претежно полни со адитиви и шеќер, а со тоа се поништуваат придобивките од овој важен оброк.




Иако тие можат да бидат прва помош за потребната хидратација и надополнување на електролитите, секогаш бирајте ја опцијата домашна супа, бидејќи ќе ви обезбеди многу повеќе хранливи материи и ако добро ја зачините, може да биде значително повкусна од воспоставениот вкус на „ готова“ супа. Ви претставуваме одличен рецепт за домашна супа:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 пилешки батаци, 1 морков, 1 главица кромид, ловоров лист, вода, маслиново масло, 30 г путер, 1 морков, 2 главици кромид со средна величина, 2 чешниња лук, 1 зелена пиперка, 2 лажици брашно, 100 г тестенини/фиде/нудли, сол и црн пипер по вкус




ПОСТАПКА: Еден кромид, еден голем морков (крупно исечени) и 4 пилешки батаци ставете ги во тенџере со вода, додајте 2 ловорови листови и ставете да се вари на тивок оган со подотворен капак, додека месото да омекне и почне да се одвојува од коските.




Повремено вадете ја пената за да остане бистра течноста. После приближно половина час тргнете го тенџерето од оган, извадете го месото настрана, а супата процедете ја и сочувајте ја течноста – булјон. Додека се лади месото, подгответе го зеленчукот:




Морковот изрендајте го, а кромидот ситно исечкајте го. На малку путер помешан со маслиново масло најпрво пропржете го изренданиот морков, потоа додајте го сечканиот кромид, па сечкано лукче и на крај сечканата пиперка. Добро промешајте и поклопете.




После 10-тина минути динстање, кога зеленчукот е омекне, додајте 200 мл вода и две лажици брашно, па брзо и енергично промешајте за да се изедначи. Започнете постепено да го додавате булјонот со непрекинато мешање за да се разбие брашното и да не се создадат грутчиња. По потреба додајте уште малку вода.




Зачинете со сол и црн пипер по вкус, па оставете да „крчка“ уште 15-тина минути. Потоа пилешкото месо внимателно одвојте го од коската и ситно исечкајте го, па додајте го во супата и промешајте. Гответе уште 15-тина минути. Додајте ги тестенините и гответе уште 10-тина минути. Послужете топло. Деталите погледнете ги ОВДЕ.