Пилешката салата со компир и зеленчук нека биде вашиот избор за свечената трпеза. Можете да ја приготвите за мрсна слава или пак, за новогодишните и божиќните празници кои ни претстојат.

Салатите се омилени, но и најлесно се приготвуваат, а претставуваат одличен прилог на главното јадење, па дури можат да заменат и цел оброк. Но, ако убаво ги декорирате и ги обликувате како торта, ќе ја разубават секоја свечена трпеза.




Секоја година домаќинките се трудат за слава да ги приготват веќе познатите и омилени кај луѓето салати, но оваа година пригответе нешто ново и интересно. Иако можеби на прв поглед ви се чини дека оваа салата се прави сложено, сепак, кога ќе ја прочитате постапката, ќе се уверите дека нема полесна подготовка од оваа.




Состојките се многу евтини, а од месо ви е потребно само бело пилешко. Лесната и едноставна подготовка, неодоливоот вкус, но и многу интересната декорација, секого ќе го воодушеви. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г компир, 100 г кашкавал, 300 г пилешко бело месо, 200 г кисела павлака, 200 г фета сирење (или некое крем сирење по избор), 3 домати, 1 свежа краставица, за декорација: зелена салата, краставица и шери домати




ПОСТАПКА: Пилешкото месо исечкајте го на мали коцки, посолете го и запиперете го по вкус, па запржете го кратко во тава со малку масло, колку да зарумени. Компирот сварете го и оставете го да се олади, па излупете го и изрендајте го.




Краставицата ситно исечкајте ја, посолете ја малку и оставете ја настрана. Кашкавалот ситно изрендајте го, а исто така и доматите. Со рачен блендер соединете ги фета сирењето и киселата павлака додека да добиете густа и мазна крем-смеса.




Врз десертна чинија поставете флексибилен обрач, а на дното наредете го ренданиот компир. Посолете по вкус, па со дното од чаша натапкајте го цврсто за да добиете добра основа. Одозгора премачкјате го со неколку лажици од кремот.




Внимателно распоредете го прженото месо, без маснотијата и евентуалниот сок што го испупштило. премачкјате со кремот, па распоредете го ренданиот кашкавал и повторно натапкате добро за да се притисне. Премачкјате со неколку лажици крем.




Следните се сечканите краставички кои треба да се исцедат добро со рака. Премачкјате ги со крем, па наредете ги сечканите домати, исто така исцедени од сокот. Премачкајате го остатокот од кремот, протресете и израмнете, па затворете со фолија и оставете да преноќи. Следниот ден отстранете го обрачот и декорирајте.