Полнетите пиперки можете да ги послужите за ручек или вечера, а овој рецепт ќе ве воодушеви. Многумина го обожаваат како мезе, а колку и да приготвите, секогаш сето се изедува.
Полнетите пиперки се традиционално македонско јадење, а филовите за нив може да бидат разновидни. Па така, можете да ги наполните со мелено или бело сечкано месо, зеленчук, ориз, сланина, сирење…
Можностите се бескрајни, а вкусот секогаш фантастичен. Денеска ви претставуваме рецепт за лути полнети пиперки, кои особено ќе бидат популарни кај љубителите на зачинетата кујна.
Се полнат со крем сирење, сланина, чедар, како и вашиот омилен чипс, а вака подготвениот гурмански ручек ќе ги воодушеви сите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 лути пиперки, 200 г чедар сирење или кашкавал по избор, 230 г крем сирење, 6 тенки парчиња сланина, 3 лажици мелен чипс
ПОСТАПКА: Измијте ги пиперките и исечете ги по должина, на половина и извадете ги семките. Во посебен сад измешајте крем сирење, изрендан чедар кашкавал и сланина исечкана на мали коцкички.
Сè добро измешајте, па додајте мелен чипс (по можност начос) и повторно добро измешајте. Наполнете ги пиперките, па наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Печете во загреана рерна на 220°C 10-тина минути или колку да зарумени одозгора. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.
За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Ова ми е највкусното мезе за со ракиичка: Пиперки сомборки полнети со павлака, вака приготвени можам цела тегла да изедам“ – ОВДЕ.