Вашиот црн дроб ја филтрира крвта и ги елиминира евентуалните токсините кои може да ги содржи. Исто така, игра улога во метаболизмот и во дигестијата на храната.
Исхраната која е богата со масна храна, рафиниран шеќер, прехранбени адитиви и прекумерна употреба на алкохол може да изврши притисок врз црниот дроб, кој ќе работи прекувремено за да го заштити организмот однивните штетни ефекти.
Разни медикаменти, исто така, поминуваат низ овој орган и може да доведат до зголемување на токсичноста.
За среќа, можете да го прочистите вашиот црн дроб со една лажица маслиново масло и сок од лимон.
Зошто токму маслиново масло и сок од лимон?
Маслиново масло:
Лошата исхрана може да резултира со таложење на масти во црниот дроб и зголемување на хепаталнитриглицериди (ТГ) што доведува до замастување на овој орган и негово заболување.
Од замастен црн дроб заболуваат околу 90 милиони Американци и е главен фактор на ризик за дијабетес, срцеви напади, па дури и рак.
Истражувањето објавено во World Journal of Gastroenterology заклучува дека маслиновото масло заштитува одоваа болест, со намалување на акумулацијата на ТГ во црниот дроб и нивото на TГ после јадење.
Една друга студија ги потврди придобивките на екстра-девственото маслиново масло против хроничниоштетувања на црниот дроб. Ова својство го има благодарение на своите антиоксидантни ефекти и способноста да ја регулира функцијата на клетките од црниот дроб да го забрзуваат метаболизмот.
Сок од лимон:
Не само што го сокот од лимон помага во детоксикација на црниот дроб, исто така, помага да се заштитат и другите органи од различни оштетувања.
Една студија објавена од страна на индиските научници покажа дека хесперидинот (цитрусен биофлавоноид кој се наоѓа во лимонот) покажува способност да го заштитува црниот дроб од токсични оштетувања.
Еве како треба да се консумира смесата од лимон и маслиново масло:
Првото нешто наутро што треба да го направите, е да измешате една лажица маслиново масло и една лажицасок од лимон во мал сад. Смесата треба да се испие веднаш.
Оваа смеса треба да се конзумира на празен стомак пред појадок.
Детоксикацијата на црниот дроб не е единственото нешто што треба да го направите. Вие, исто така, ќе треба да направите неколку промени во животниот стил.
Здравјето на црниот дроб се одржува со воздржување од алкохол, со јадење на свежа, природна храна и избегнување на непотребни лекови секогаш кога тоа е можно.