Квасецот е исклучително здрав и богат со бројни нутриенти и минерали. Освен што се користи во подготовката на печива и леб, тој е одличен за здравјето и помага во лекување на одредени болести.
Го подобрува варењето на храната, ја негува косата и ноктите, позитивно влијае на имуниот систем, а поради присуството на фолна киселина се препорачува да го кон-сумираат и трудници за одржување на здравјето на плодот.
Нутритивниот квасец, уште познат и како сладок квасец е неактивен квасец направен од шеќерна трска. Тоа е габа која се храни со шеќер, а шеќерот се користи за претворање во енергија.
Нутритивниот квасец содржи фолати, тиамин, рибофлавин, ниацин, селен, цинк што го чини супер храна. Има низок процент на натриум и масти, не содржи глутен и додатни шеќери и конзерванси. Одличен извор е на витамин Б6. Важно е да се напомене дека нутритивниот квасец не е ист како пивскиот квасец.
ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ НА НУТРИТИВНИОТ КВАСЕЦ
Го одржува имуниот систем и го зајакнува
Нутритивниот квасец обезбедува соединенија како бета глукан, трехалоза, манан и глутатион кои се одговорни за зајакнување на имунитетот, намалување на високиот холестерол и намалување на ризикот од канцер.
Има антивирусно и антибактериско дејство
Нутритивниот квасец е докажан како најдобар производ за лекување на хроничните симптоми на кандида. Неговоро антибактериско дејство одлично се покажало во лекување на бактеријата Ешерихија Коли, салмонела и стафилокока.
Го подобрува варењето на храната
Истражувањата покажуваат дека квасецот е одличен избор при дијареа и губиток на апетитот. Пробиотиците во квасецот се покажале како одлични за оние кои имаат честа дијареа и се нетолерантни на лактоза.
Има голем процент на протеини и тамини
Нутритивниот квасец содржи 9 од 18 аминокиселини кои телото не може само по себе да ги произведе. Квасецот содржи големи количини на тиамин кој во комбинација со витаминот Б помага во регулирање на функцијата на кардиоваскуларниот, ендокриниот и дигестивниот систем.
Го стимулира растот на здравата коса и нокти и ја одржува кожата чиста
Квасецот содржи витамини од групата Б, кои се важни за одржување на здравјето на косата, ноктите и кожата. Ниацинот кој се наоѓа во квасецот се користи за лечење на хроничните акни и подобрување на квалитетот на кожата.
ПРИМЕНА НА КВАСЕЦОТ
Иако е најпопуларен помеѓу веганите и вегетаријанците, нутритивниот квасец дава одличен вкус на оброците и е одлична замена за сирењето, без вишок масти. За оние кои се нетолерантни на лактоза, нутритивниот квасец е одличен избор и може да се послужува со тестенини, салати, печени компири или пире, супи..
Рецепт за шејк кој заменува оброк
Потребни состојки: 1 шолја млеко, 2 лажички сурутка во прав или како течност, 1 шолја овошје по избор, 1 лажичка какао, 1 лажичка ленено семе, 1 лажичка чиа семе, 1/2 банана, 1 лажичка нутритивен квасец, прстофат цимет.
Постапка: Сите состојки ставете ги во блендер, изблендирајте и испијте го напитокот веднаш.
Пиев домашен квасец, а организмот ми се прочисти за 1 месец
Квасецот е жив микроорганизам, едноклеточна габа која е клучна за ферментација на шеќерот. Помеѓу многубројните видови квасец, најпознат е “Saccharomyces cerevisiae” од кој се добиваат пекарскиот и пивскиот квасец. Индустрискиот квасец се користи свеж или сув, кој има подолг рок на траење.
Свежиот квасец се користи како природен лек уште од античко време, а денес се препорачува користење на квасец за лекување на болести. Се кон-сумира на празен стомак или помеѓу оброците 1 – 2 лажички, растопен во малку вода или млеко, 1 – 3 пати на ден.
Смирувачка маска за лице
Од квасецот се подготвуваат и маски за лице за смирување на акни и други кожни заболувања кои ја прочистуваат кожата. Најчесто квасецот се меша со малку топла вода или млеко, а смесата се става на лице и се остава додека да се исуши, а потоа темелно се мие со топла, па ладна вода. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска