ПИЦА СТАПЧИЊА ЗА СЕКАКВА ПРИГОДА…Брзо, лесно и сите ќе побараат репете…Подготовката на ова печиво е едноставно и брзо. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 мл течен јогурт
1 јајце
2 лажици масло
1 прашок за печиво
120 г рендано сирење
120 г рендан кашкавал
120 г рендано сувомеснато
1 лажичка сол
1 лажичка оригано
2 лажици кечап
400-420 г брашно
200 мл масло за пржење

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте: јогурт, јајце, масло и прашок за печиво. Потоа додајте сирење, кашкавал и шунка. Зачинете со сол и оригано по вкус. По желба додајте кечап и промешајте.

Постепено додајте го брашното и замесете меко, компактно тесто. Развлечете го на набрашнета површина во правоаголна кора со дебелина од 1 см.

Исечете стапчиња и оставете така да одмори 5-10 минути додека се загрева маслото. Пржете ги понеколку минутки на умерено загреано масло додека да зарумат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.