ПЕСОК ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Совршена роденденска торта за мојот син

Брза торта без печење, за 30 минути. Песок торта за многумина позната по неодоливиот вкус, се топи во уста…Едноставно за сите прилики. Толку кремасто и вкусно. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 кесички пудинг од ванила
1 литар млеко
130 г шеќер
200 г путер
120 г шеќер во прав
150 г мелени бисквити (плазма)
120 г кокосово брашно
170 г мелени ореви
2 лажици какао

Глазура:

200 мл слатка павлака за шлаг
50 г чоколадо за готвење

ПОСТАПКА:

Сварете го пудингот во млекото со шеќерот и оставете да се олади. Путерот пенасто изматете го со шеќерот во прав, па соединете го со оладениот пудинг.

Смесата поделете ја на 3 дела и секој дел распоредете го во калап 22 см:

-во првиот ставете плазма
-во вториот ставете кокос
-во третиот ставете мелени ореви и какао

Тортата оставете ја во фрижидер 2 часа да се стегне, па декорирајте ја со изматен шлаг и одозгора посипете рендано чоколадо. оставете преку ноќ во фрижидер да се стегне пред послужување.

Погледнете го видео рецептот со подготовката ОВДЕ: