Фото: Живко Корабовски
Рецепт: Марјан Стојановски
Највкусните печурки и најквалитетните кои можат да се наберат во македонските шуми. Врганот има пријатен мирис и вкус како и нискокалорични вредности, а притоа често се користи во кулинарството. Во италијанската кујна, овој вид печурки се општо познати како ”Porcini” и се користат при приготвување на рижото, давајќи му одличен вкус.
Вргањот е печурка која буди најмногу интерес кај љубителите и собирачите на печурки. Може да се најде во периодот од месец јуни до месец ноември во листопадни и зимзелени шуми.
Потребни состојки:
Печурки врган
Оцет
Вода
Сол
Црн пипер во зрно
Ловоров лист
Маслиново масло, квалитетно ладно цедено
Постапка:
1.Најпрво добро исчистете ги печурките.
2.Во тенџере направете смеса од три делови вода, еден дел оцет и сол по желба во зависност од количината на печурки.
3.Тенџерето ставете го на оган да зоврие, па во моментот кога ќе зоврие додадете ги печурките и оставете ги да вријат уште десет минути на тивок оган.
4.Процедете ги од течноста и оставете ги убаво да се исцедат, исушат и оладат. Земате стерилизирани тегли (околу половина час на 100 степени во рерна) па започнете со полнење.
5.Ставете ред печурки, па црн пипер во зрно и ловоров лист, па пак печурки, па ловоров лост и бибер и сè така додека да се наполнат.
6.На крај ги дополнувате со маслиново масло (шо поскапо то поубав), протресете убаво за да се иполнат сите шуплини и херметички затворете ја теглата. Пробано е, прекрасно е!
Фото: Живко Корабовски
Рецепт: Марјан Стојановски