Многу практичен рецепт за печива кои излегуваат многу вкусни. Со готови кори и 2 компири ќе ги направите највкусните печива кои не бараат многу работа. Ниту месите, ниту валкате многу садови, излегуваат совршени. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 големи кори за пита, 3 големи компири, 50 мл млеко, половина грозд магдонос, 100 г чедар кашкавал или некој по ваш избор, 1 мала лажичка сол. ЗА ФИЛОТ: 2 јајца, 50 мл масло, 4 големи лажици јогурт (120 мл), сусам за наросување (опционално).
ПОСТАПКА: компирите добро измијте ги под млаз ладна вода и добро истријте ги со сода бикарбона, па оставете да отстојат некое време во неа. Потоа процедете ги и добро исушете ги. Исечкајте ги на помали коцки и ставете ги во поголемо тенџере.
Одозгора прелијте со вода преку нив и ставете на рингла да се варат додека да омекнат. Отприлика ќе биде потребно околу половина час. Потоа процедете ги од водата и изгмечете ги со виљушка во пире. Во пирето ставете го млекото и солта и на крајот додајте го ситно сечканиот магдонос и кашкавалот.
Измешајте ги состојките еднолично додека да се формира убава, шарена смеса која лесно ќе се соединува. Пирето тргнете го настрана. Земете една од корите и поставете ја на рамна површина и премачкајте ја со следнава мешавина:
Изматете ги јајцата, а потоа во нив додајте го јогуртот и маслото. Со оваа смеса се премачкуваат корите. Прво се премачкува првата кора, одозгора се става втората, повторно се премачкува и истиот процес се подготвува и со третата кора.
На последната кора распоредете го филот од пире, а потоа завиткајте ги страните околу 1/3 на сите кори и од едната страна завиткајте во цврст ролат. Ролатот пресечете го на половина и ставете го на плех, покријте со најлонска фолија, а потоа во замрзнувач да отстои 1 час.
Од секој ролат се сечат помали ролатчиња и се редат на плех обложен со хартија за печење. Некои од ролатите може да си ги замрзнете, а некој друг пат да ги испечете. Единствено што треба да направите е да ги ставите во зип кесичка.
Останатите ролати кои планирате сега да ги печете, премачкајте ги со претходно направената смеса од јајца, масло и јогурт и по желба наросете со сусам. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени додека да фатат коричка. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.