ФРАНЦУСКИ Печен компир со прелив – рецепт кој го пробав кај пријателка и морав веднаш да го направам…Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

750 г млад компир
2 лажци маслиново масло
сол, црн пипер

За прелив:

1-2 чешниња лук (или повеќе)
70 мл маслиново масло
2 лажици сенф
2 лажици јаболкова киселина
1 лажица шеќер
2 лажици крупно сечкан магдонос
сол, црн пипер по желба

Постапка:

1.Измијте го младиот компир и исечете го на половина (помалите компири, а поголемите на четвртинки).

2.Тепсијата обложете ја со хартија за печење, распоредете го компирот, намастете го со две лажици маслиново масло, посолете и запиперете.

3.Печете го компирот во претходно загреана рерна на 220 степени околу 20-30 минути, додека да добие златна боја и да стане крцкав.

4.Додека компирот се пече направете го преливот од сенф, ситно сечкан лук (или истискан низ преса), масло, шеќер и јаболков оцет (ставете ги во посебен сад и измешајте со маталка додека да ја добиете емулзијата, па посолете и запиперете по желба).

5.Печениот компир ставете го во сад за сервирање и прелијте го со емулзијата. Одозгора посипете го со сечкан свеж магдонос. Рецепт и фото на „Муцика“.