Пчелите се прогласени за најважните живи суштества на планетата од страна на Earthwatch Институтот. Дури и Ајнштајн рекол: “Ако пчелите исчезнат, луѓето имаат само уште 4 години живот”.
Меѓународниот Earthwatch Институт уште пред 11години на состанокот во лондонското здружение Royal Geographical ги прогласи пчелите за најважни суштества на планетата Земја.
Покрај пчелите, секако дека и другите видови се непроценливи за нашиот екосистем, бидејќи сè во природата е подредено на законитости и секоја единка си има свое место во синџирот.
Кој би сакал свет без цвеќиња, без мед и без третина од сè што јадеме, вклучително и чоколадо и кафе?
Околу 250 000 видови билки зависат од пчелите за опрашување. Голем број од нив се пресудни за светското полјоделство. Пчелите го зголемуваат приносот на јаболката, боровинките и краставиците и до 30%, така што голем број од овошјето и зеленчукот би станале дефицитарни и неизмерно скапи.
Покрај тоа, голем број од нашите лекови, и конвенционалните и алтернативните, потекнуваат од опрашени билки. Памукот е исто така важен производ кој пчелата го опрашува, па би можеле да се збогуваме и од евтините маички и фармерки.
Но, доколку исчезнат пчелите, нема да бидат оштетени само луѓето, туку и птиците и малите цицачи кои се хранат со бобинки и семки, а кои се потпираат на опрашувањето од пчелите. Тие би умреле од глад, а како последица на тоа би гладувале и месождерите и сите од синџирот на исхраната.
Иако и други инсекти (пеперутките, осите, мувите…) и животни како што се лилјаците, учествуваат во опрашувањето – ниеден од нив не е дизајниран како што се пчелите – како машини за опрашување.
Ширум светот постојат 20 000 видови пчели. Главните причини за намалување на бројот на пчелите е неконтролираната употреба на пестициди, недостиг на цвеќиња и дефорестација – сечење на шумите!
Бројни активисти од истиве причини бараат да се забрани употребата на пестициди, да се започне со користење на природни алтернативи, а здравјето и опстанокот на пчелите за се започне будно да се следи и поткрепува.
Како што наведуваат, 70% од светското полјоделство зависи исклучиво од пчелите, а полинацијата или опрашувањето – можеби и најважната функција на пчелите – им овозможува на билките да се размножуваат.
Без пчеите, веќе е јасно, фауната на планетата полека ќе започне да исчезнува.
Исто така, според студијата која била спроведена на неколку светски универзитети, откриено е дека пчелите се единствените суштества кои не пренесуваат никаков патоген – ниту фунги/габи, ниту вируси, ниту бактерии…
Со помош на природни компостни системи ќе се обноват хранливите состојки во почвата, ќе се намали губитокот на земја од ветер и ерозија од вода.
Да се потсетиме уште еднаш на познатата реченица која ја кажал Алберт Ајнштан: !Ако пчелите исчезнат, луѓето имаат само уште 4 години живот”.