Потребни состојки:
6 јајца (белки)
375 г шеќер во прав
2 ½ лажици брашно
2 лимони
300 мл слатка павлака
50 г ливчиња од бадеми
Постапка:
Кора од белки: Загрејте ја рерната на 160 степени. Со миксер изматете ги белките со шеќер. Додадете брашно во белките и кора од еден и сок од два лимони. Излејте во калап обложен со хартија за печење и со шпатула обликувајте како што е покажано во видеото. Ставете во загреана рерна и оставете полека да се сушат. Во зависност од рерната, кората ќе биде готова за околу 20-минути, односно кога ќе се исушат а ќе ја задржат белата боја и ќе бидат крцкави.
Изматете ја слатката павлака и оставете ја на страна.
Фил од лимон:
250 г шеќер
3 лимони – рендана кора
2 јајца
3 жолчки
150 мл сок од лимон
80 г путер/маргарин
Постапка: половина час пред да го правите филот изрендајте лимонова кора и помешајте со шеќер. Исцедете сок од лимон. Путерот исечете го на коцки.
Јајцата и жолчките изматете ги, додадете шеќер помешан со лимонова кора, промешајте, па додадете лимонов сок и сето промешајте го добро да се соедини.
Излејте во сад и на тивок оган гответе додека да згусне, постојано мешајќи со дрвена лажица, особено покрај ивиците на садот.
Кога филот ќе згусне додадете ги коцките путер и мешајте сосем да се растопи. Филот оставете го на собна температура да излади.
Погледнете го видеото: