Белите патики веќе долго време се во тренд и никогаш не им поминува модата. Но, секој кој ги носел знае колкава мака е нивното одржување и враќање на белата боја. Сепак, со текот на времето тие неизбежно добиваат некоја сива или жолтеникава боја..
За среќа на сите, твитерашката Сара Трејси го пронајде решението за овој проблем и воодушеви милиони корисници на Твитер.
Таа на оваа социјална мрежа го сподели рецептот за блескаво бели патики, за кој многумина велат дека би требало да го патентира, бидејќи е генијален изум. Еве што вели таа:
Се мешаат сода бикарбона и детергент за перење алишта. Односот е 1:1,5. На пример, на една лажица сода бикарбона, се додаваат 1,5 лажица детергент за бели алишта.
Тоа е односот, а вие одокативно одредете ги потребните количини. На оваа мешавина додадете малку вода (ако детергент е прашкаст, а ако е течен – не треба) за да добиете паста.
Со помош на некоја стара четка за заби добро истријте ги патиките и оставете ги така да отстојат некое време.
Потоа исперете ги, па ставете ги во машина за перење алишта, на програм за патики, со ладна вода. За да не добијат мирис од влагата додека се сушат, нанесете им талк и оставете ги добро да се исушат на сонце и ветер.
Не заборавајте претходно да ги извадите врвките – напоменува таа.
Некои од коментаторите го наведуваат следниот метод за чистење на белите патики:
Еден ден пред перењето ставете по три лажици сода бикарбона во секоја патика и така оставете ги до следниот ден.
Потоа, извадете им ги врвките, истресете ја содата а врвките ставете ги во торбичка за перење. Ставете ги патиките во машината да се перат заедно со 4-5 постари пешкири кои не ги употребувате за лична хигиена, бидејќи на тој начин ќе направите рамнотежа и ќе спречите удирање на патиките во машината.
Може да користите течен детергент, во случај ако вашите обувки се осетливи. Машината вкучете ја на ладно перење. Програмот треба да трае околу половина час, а после тоа оставете ги да се исушат, најдобро на сонце или на топло, проветно место. Никогаш не ги ставајте обувките во машина за сушење, бидејќи на тој начин се оштетува лепакот.
Ова е одличен метод после кој ќе уживате во вашите стари патики кои сте ги вратиле во живот. Повторно можете да ги носите и да бидете задоволни со новиот изглед како кога сте ги купиле.
А ова е уште еден рецепт:
-алкохолна киселина и
-сода бикарбона.
Користете во однос 1:1, на пример, половина чаша киселина и исто толку сода бикарбона.
Ставете ја содата во адекватен пластичен сад. Додадете киселина и промешајте. Ќе дојде до одредена реакција во вид на пенавење, но не грижете се, така треба. Затоа садот нека биде подлабок.
Со помош на стара четка за заби темелно обработете ја целата површина на обувките со приготвената смеса, и оставете да отстои половина час. Потоа добро исплакнете со ладна вода.
Платнетните обувки, на пример патики или стартки, после оваа процедура можете дополнително да ги исперете во машина за алишта, но не заборавете да ги ставите во специјална вреќичка и да го вклучите програмот наменет за тоа.
Вашите бели обувки ќе бидат како нови!