Потребни состојки:
450 г мелено јагнешко или јунешко
700 г млад компир
1 поголема главица кромид
3 домати
1 лажица брашно
250 г путер/маст
250 мл говедска супа, може и коцка
2 ловорови листови
1 лажица мајчина душичка
1 жолчка
50 мл млеко
сол, црн пипер, вегета
100 г рендан кашкавал, димен или некој ваш омилен
Постапка:
На масло пропржете кромид, а во друг сад загрејте маслиново масло и на него запржете го месото додека да добие златно-кафеава боја.
Додадете брашно, ловор, зачини и промешајте. Во садот со кромидот додадете сечкани домати и супа. Потоа додадете ја содржината од другиот сад и оставете убаво да прокрчка. Зачинете и гответе околу 30 минути.
Во меѓувреме, сварете го компирот и испасирајте го, па добро измешајте го со жолчка и млеко, зачинете по желба.
Во подлабок сад ставете го месото, прекријте го со компир и рендан кашкавал, па запечете го во рерна 15 минути на 180 степени.
Можете да ја приготвите и еден ден порано и да ја покриете со алуминиумска фолија, да ја оставите во фрижидер, па следниот ден кога ќе се вратите од работа само запечете ја 15-тина минути и послужете со салата.