Палачинките се популарни во цел свет, а освен нашите тенко печени, постојат и арапски, јапонски, амрикански и уште многу други. Ако и вии ги сакате палачинките, ви препорачуваме да ги испробате оние кои се поздрава варијанта и кои се прават без обично бело брашно, млеко и шеќер.
Содражат само 78 калории и 5 грама протеини, а доколку сте љубители на американските палачинки, овие се најблиску до нив. Помалку калорични се, бидејќи наместо цели јајца ги користат само белките. Едноставно и брзо се прават, а се јадат додека трепнеш. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за 9 палачинки: 1 чаша овесни снегулки, 1 чаша цврст јогурт, 2 јајца, 1 белка изматена во снег (3 лажици), 1 големо јаболко (или 3 мали), 1 чајна лажичка прашок за печиво, 1 мала лажичка екстракт од ванила (по вкус), ситно рендана кора и сок од половина лимон
ПОСТАПКА: Овесните снегулки сомелете ги во блендер. Пенасто изматете белка од едно големо јајце, или две од помало за да добиете цврст снег. Јаболкото изрендајте го ситно или пак, на тенки лентички (по ваш избор).
Во подлабок сад скршете две јајца и додајте три лажици снег од белка. Потоа изрендајте кора од лимон на ситно ренде, додајте ванилин екстракт и сок од половина лимон. Убаво изматете со кујнска жица-маталка додека да се изедначат состојките.
Во смесата додајте ги мелените овесни снегулки и прашокот за печиво, па повторно промешајте. Треба да добиете густа, полутечна изедначена смеса без грутчиња. Следно додајте ги ренданите јаболка и промешајте со лажица.
Смесата со тенки лентички јаболка ќе биде малку порељефна, а онаа со рендани на обично ренде, ќе биде покомпактна и ќе добиете палачинки со поправилен облик. На вас останува изборот како ќе ги изрендате јаболката, или пак, можете да ги испробате и двете опции.
Загрејте нелеплива тава на умерена температура и малку намастете ја површината со путер или растително масло. Сипете со лажица и обликувајте мали палачинки. Ако е доволно широка тавата ќе ви собере три палачинки.
Печете ги на ниска температура додека да заруменат од долната страна, а потоа со лопатка превртете ги и испечете ги и од другата страна. Користете широка лопатка за да можете убаво, во едно парче и одеднаш да ги превртите.
Послужете ги со мед, јаворов сируп, свежо овошје или нешто по ваш избор. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Прочитајте: ПАЛАЧИНКИ СО СПАНАЌ: Многу се вкусни и заситни, мене ми помогнаа да ослабам – ОВДЕ.