Ова е едно старо и вкусно јадење, кои денес ми е омилено.
Потребни состојки:
4 шолји рендан и излупен компир
1 јајце
3 лажици брашно
1 лажица рендан кромид
1 лажичка сол
¼ лажичка црн пипер
масло за пржење
по желба магдонос и павлака
Постапка:
Измијте го ренданиот компир во ладна вода, добро исцедете го и исушете го за да излезе од него вишокот вода. Ставете го во поголем сад.
Додадете едно јајце, брашно, сол и црн пипер, па убаво промешајте и соединете.
Во поголема нелеплива тава на умерен оган загрејте масло (дното насекаде да биде покриено со масло од околу половина центиментар).
Третина шолја наполнете со смесата и спуштајте во маслото, па со лопатка внимателно притиснете за да се израмни и да добие облик на американска палачинка.
Пржете од двете страни додека да добијат златнокафеава боја, па вадете ги на хартиена салветка за да се исцеди вишокот маснотија.
По желба наросете со малку магдонос и веднаш послужете со кисела павлака.
Coolinarika.com