Приготвувањето на смесата за палачинки би требало да биде еден од наједноставните зафати во кујната, но факт е дека на многумина им задава главоболки.

Меки, пенасти и ронливи палачинки тешко е да се направат доколку немате добро тавче и добар рецепт.

Ова е рецептот на нашите баби кој е едноставен и после кој нема да барате подобар:

Потребни состојки:

3 јајца

250 г брашно

350 мл млеко

100 мл газирана вода

Малку сол

2 лажици масло

Пола лажичка рум

Постапка:

Пенасто изматете ги јајцата додека да добиете густа хомогена смеса, па додадете ги маслото и млекото па измешајте.

Потоа со непрестајно мешање додетете го брашното, малку по малку, додадете прстофат сол и малку рум (за да се добие арома и да се спречи впивањето на маслото).

Доколку смесата ви се чини дека е малку густа (зависи од брашното), додадете уште малку газирана вода.

Ова се вашите коментари кога првпат го објавивме рецептот и вашите одлични предлози за подобрување и унапредување на истиот: