Палачинките се едни од најподготвуваните десерти од домаќинките, а можат да се подготват на различни начини. Постојат повеќе видови на палачинки, како: обичните, тенки палачинки кои кај нас особено многу се јадат и сите ги сакаат поради тенката текстура. Потоа, американските палачинки кои имаат подебелка текстура, а однатре се меки како пена.




Постојат и трети палачинки, а тоа се јапонските и тие се најдебели, можеби двојно поголеми од американските, а тестото е многу меко и пенасто. Во продолжение може да го прочитате рецептот за американски палачинки од малку состојки кои поради начинот на подготовка и користењето на малку состојки, го добиле името „брзи гонзалес.“

Значи се топат во уста, толку меки како свила и мирисни. Премачкајте ги со џем од цреши и ќе видите што е перфекција. Дечињата ги мачкаат со нутела или каков било чоколаден крем и наросуваат плазма, и ги јадат со сласт, не останува ниедна трошка. Направете ги за десерт или за вечера.




Доколку немате многу состојки дома, а сакате да јадете нешто слатко, овие американски палачинки се вистинското решение! Ако имате малку млеко и едно јајце, а сакате нешто слатко, направете ги наједноставните американски палачинки! Рецептот не може да биде поедноставен, а е еден од најпопуларните во светот. Затоа, засукајте ги ракавите и израдувајте ги домашните. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 30 мл растопен путер, 120 г брашно, 110 мл млеко (половина чаша), 1 јајце, 2 лажички прашок за печиво, прстофат сол, 2 лажици шеќер или мед. Како мерка се користи класична чаша од 200 или 250 мл.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ – поголема количина): 2 јајца, 2 лажици шеќер, 80 мл масло, 500 мл млеко, 250 г брашно, 1 прашок за печиво и 1 прстофат сол.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во сад ставете го брашното, прашокот за печиво, шеќерот и солта. Настрана соединете ги влажните состојки (јајца, масло, млеко) и додајте ги во сувите состојки. Добро измешајте додека да добиете изедначена смеса без грутки.

Загрејте тавче на средно-силен оган и лесно премачкајте го со масло. Со лажичка се вади смесата (со големина од 2 лажици) и се истура во тавчето, па се пржи кратко време од секоја страна (1-2 минути), односно додека да добијат златно-кафеава боја. Послужете ги топли, со џем, мед, овошен сируп или чоколаден крем.




Дополнително тестото може да го засладите со екстракт од ванила или ванилин шеќер, но секако се послужуваат со благ крем, така што овој чекор може да го прескокнете. Во продолжение прочитајте ја постапката за вториот рецепт за американски палачинки, според рецептот на Верица Николиќ.




Од оваа смеса излегува поголема количина и палачинките се малку потенки, во споредба со првиот рецепт кој ги прави подебели. Доколку уште не сте навикнати на подебели палачинки, испробајте го рецептот на Верица кој е одличен.

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Одвојте ги белките од жолчките. Белките цврсто изматете ги со прстофат сол и оставете ги на страна. Жолчките исто така пенасто изматете ги заедно со шеќерот. Додајте масло и млеко и соединете. Постепено додајте го брашното измешано со прашок за печиво и матете со најмала брзина на миксерот за да нема грутчиња од брашното.

Фото и рецепт: Верица Николиќ




На крај, во тестото додавајте лажица по лажица од снегот од белки и мешајте внимателно со шпатула или дрвена лажица за да остане смесата воздушеста. Тефлонска тава за палачинки намастете ја со масло со помош на силиконска четка и ставете да се загрее на средна температура (кај мене на индукциска плоча е бр.5).




На загреаната тава со кутлача за супа ставете тесто на средината, а тоа само ќе се формира во круг. Јас користев кутлача со пречник од 9 см и не треба да се полни до врв, туку 1 см треба да остане празна.

Фото и рецепт: Верица Николиќ

Кога на површината од палачинката ќе се појават меурчиња, тоа значи дека треба да се преврти и од другата страна за да добие убава румена боја. Печената палачинка извадете ја на тацна, со силиконска четка намастете ја повторно тавата и повторете ја постапката.




Фото и рецепт: Верица Николиќ

За секоја нова палачинка тавата треба да се намасти со масло. Печените палачинки се редат една врз друга. Се послужуваат со мед и цимет или јаворов сируп, џем, карамел прелив… Може да ги јадете слатки, но и солени. Исто така, може да ги филувате со мешавина од дробено ситно сирење измешано со кисела павлака, да ги редите палачинките една врз друга и да ги сечете како пита. Фото и рецепт: Верица Николиќ