Фото и рецепт: Слаѓана Рожа

Потребни состојки:

3 белки
300 г шеќер во прав
150 г мелени ореви
150 г плазма бисквити

За крем:

3 жолчки
1 ред чоколадо
50 г шеќер во прав
100 г путер
1 лажица шеќер во прав

Постапка:

Белките изматете ги во цврст снег. Потоа со лажица додадете 300 г шеќер во прав и 150 г мелени ореви, како и 150 г мелени бисквити.

Со лажица вадете ги падобранците и редете ги во плех обложен со хартија. Печете ги во загреана рерна, односно, сушете ги во рерна со вентилатор на 80 степени, а без вентилатор на 100 степени.

Малите пуслици можете да ги вадите со помош на две лажички или со помош на шприц. Внимавајте да не изгорат, однадвор мора да бидат крцкави, а одвнатре меки.

За фил: изматете 3 жолчки со 50 г шеќер во прав, па варете ги на пареа додека да згуснат, па додадете еден ред чоколадо околу 20 г и мешајте да се растопи и згусне.

Кога кремот ќе излади, во него додадете 100 г изматен путер со лажица шеќер во прав. Кога падобранците ќе бидат изладени, спојувајте ги две по две со приготвениот фил.

Фото и рецепт: Слаѓана Рожа