ОВОЈ КОЛАЧ СО ЈАГОДИ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА САМО 15 МИНУТИ…Направен од пудинг, јагоди и пишкоти…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 литар млеко
2 кесички пудинг со вкус на јагода (80 г)
5 лажици шеќер
150 г маргарин/путер
150 г кисела павлака
200 – 300 г пишкоти
500 г свежи јагоди
шлаг, слатка павлака или шлаг крем за декорација

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере сипете 800-850 мл млеко и ставете го на оган да зоврие. За тоа време изматете го пудингот со шеќерот и остатокот од млекото.

2.Исечете го маргаринот/путерот во голем сад.

3.Кога млекото ќе зоврие, сипете го пудингот и мешајте непрекинато додека да се згусне. Тргнете од оган и прелијте го врз сечканиот маргарин.

4.Мешајте додека да се растопи маргаринот, па додајте ја киселата павлака.

5.Повторно измешајте сè заедно. Ќе ви се чини дека смесата е течна, но така треба да биде (бисквитите ќе впијат).

6.Скршете ги бисквитите и додајте ги во пудингот. Веднаш додајте ги јагодите (смесата е млака, не е веќе топла). Сечкани ако се поголеми, а цели ако се помали. Промешајте.

7.Ссмесата сипете ја во сад претходно намастен со маргарин/путер. Димензиите се 30 x 20 см или приближно. Распоредете рамномерно за да нема празни простори.

8.Добро изладете ја тортата со јагоди, па пред послужување декорирајте со шлаг и сечкани јагоди. Постапката погледнете ја ОВДЕ.