Тортата убаво се сече, мека е и сочна, лапни-голтни.

Потребни состојки:

600 г петит кекси или други по желба
1 кг малини или јагоди
10 лажици шеќер
3 пудинг од малина или јагода
200 мл вода
400 г чоколадо + 8 лажици масло
500 г шлаг крем во прав
200 мл сок од портокал

Постапка:

1.Малините и шеќерот ставете ги во еден сад на оган додека шеќерот да се растопи.

2.Посебно изматете 3 пудинзи од малина со 200 мл вода, па додадете ја смесатаво малините. Гответе со постојано мешање додека да се згусне. Оставете да излади, па поделете ја на 4 делови.

3.Изматете 500 г шлаг според упатството на кесичката (или користете слатка павлака за шлаг) и исто така поделете го на 4 еднакви делови.

4.Филување: на тацна за сервирање наредете 200 г бисквити претходно натопени во сок од портокал.

5.Растопете 100 г чоколадо со 2 лажици масло и прелијте преку бисквитите. Оставете 5 минути во фрижидер чоколадото да се стегне, па премачкајте со 1 дел од филот од малини, па 1 дел шлаг.

6.Повторно се реди ред бисквити, се прелева со 100 г растопено чоколадо со 2 лажици масло, па вториот дел од фил, слој од шлаг и се продолжува истата постапка до крај.

7.Целата торта се украсува со шлаг и по желба се декорира.

Coolinarika.com