Home Десерти Овошна салата МИЛИОНЕР ЧИСКЕЈК…Секој залак се топи во уста…хит за ова лето…

Овошна салата МИЛИОНЕР ЧИСКЕЈК…Секој залак се топи во уста…хит за ова лето…

Овошна салата МИЛИОНЕР ЧИСКЕЈК…Секој залак се топи во уста…хит за ова лето…Може да се подготви 1-2 дена претходно, само прекријте ја со проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер.

Пред послужувањето декорирајте ја со шлаг со овошје…Не го пропуштајте и брзиот рецепт на Рената Трајчевска со основни состојки…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За основа – 1.предлог:
400 г мелени плазма бисквити,
200 г растопен путер и
1 портокал – сок.

За фил – 1.предлог:
500 мл течна павлака (хопла),
120 г шеќер,
500 г крем сирење маскарпоне,
2 лажици ванилин екстракт,
20 г желатин,
10 лажици ладна вода и
100 мл врело млеко
Шлаг и овошна салата за декорација

Постапката за предлог 1 од Рената можете да ја прочитате на линкот погоре.

За основа – 2.предлог
125 г путер
90 г бело чоколадо
120 г експандиран ориз
30 г кокосово брашно

За фил – 2.предлог:
500 г маскарпоне или друго крем сирење
400 г кондензирано млеко (брз рецепт –ОВДЕ)
3 лажици свеж сок од лимон
50 г растопен путер
1 лажица желатин растопен во 2 лажици топла вода, па изладен
350 г пудинг од лимон (или крем од лимон* – рецепт подолу)
600 мл слатка павлака за шлаг (300 + 300)
за декорација овошна салата

ПОСТАПКА за предлог 2(за калап 20х30 см):

1.Путерот и чоколадото растопете ги на пареа, па додајте го експандираниот ориз и кокосот, па промешајте додека да се соедини. Смесата рапоредете ја на дното од претходно приготвен калап. Оставете во фрижидер 10-15 минути.

2.Пенасто изматете го крем сирењето. Додајте кондензирано млеко, лимонов сок, растопен желатин и путер.

3.Помешајте со кремот од лимон и половина од изматениот шлаг од слатката павлака. Распоредете врз базата и по желба одозгора наредете ананас од конзерва (не мора). Оставете во фрижидер 6 часа или преку ноќ.

4.Пред послужување декорирајте со остатокот од шлагот и сечкана овошна салата. Постапката погледнете ја ОВДЕ, а под видеото можете да прочитате како се подготвува лимонов крем (наместо пудинг).

КРЕМ ОД ЛИМОН – РЕЦЕПТ

Потребни состојки:

4 жолчки
135 г шеќер (3/4 чаша)
1 лажица рендана кора од лимон (од 1 лимон)
80 мл сок од лимон (од 2-3 лимони, или 1/3 чаша)
1 прстофат сол
85 г несолен путер (6 лажици)

Постапка:

1.На пареа изматете ги жолчките со прстофат сол, шеќер, сок и рендана кора од лимон. Непрекинато мешајте додека смесата да згусне, 10 минути.

2.Додајте го путерот, тргнете го садот од оган и мешајте додека да се растопи и соедини. Оставете да се олади со повремено промешување за да не фати коричка.