Овој кремаст колач навистина вреди да го испробате. Наместо вишни може да користите бобесто овошје какво што сакате, малини, јагоди, боровинки, капини, па дури и микс. Во овој рецепт се користи минимална количина на шеќер, па за сите оние кои ги сакаат колачите да им бидат навистина слатки, тогаш може да си додадат шеќер по вкус. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (РЕЦЕПТ 1): 210 г пишкоти (дебели и долги бисквити, 2 пакувања), 200 мл млеко за натопување на пишкотите, 1 кесичка ванилин шеќер. ЗА КРЕМ ОД ВАНИЛА: 560 мл млеко, 5-6 лажици шеќер, 2 кесички пудинг со вкус на ванила (80 г), 125 г путер/маргарин. ЗА ОВОШЕН КРЕМ: 300 г вишни, 4-5 лажици шеќер, 2 полни лажици густин, 200 мл сок (или газирана вода) и уште 250 мл слатка павлака

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (РЕЦЕПТ 2)- за голема торта: 4 големи пакувања пишкоти (бисквити за тирамису), 900 мл слатка павлака, 5 чаши кисела павлака, 300 г шеќер во прав, 1 килограм јагоди и некој газиран сок со вкус на портокал за натопување на пишкотите.




ПОСТАПКА – РЕЦЕПТ 1: Во едно тенџере измешајте 650 мл млеко, 5-6 лажици шеќер или по вкус и прашокот за пудинг од две кесички. Кога добро ќе ја изедначите смесата и ќе нема грутчиња, ставете ја на оган и со непрекинато мешање сварете ја додека да згусне. Префрлете го во посебен сад и покријте го со проѕирна фолија. Оставете целосно да се олади.




Во посебен сад ставете 300 г вишни, 100 мл вода и 4-5 лажици шеќер. јас користев полузамрзнати вишни, а доколку користите целосно одмрзнати вишни, тогаш вкупната течност треба да биде 2 литри. Сокот кој ќе го испуштат вишните плус вода по потреба за да добиете вкуспно 2 литри течност.




Настрана во некој помал сад или чаша растворете 2 полни лажици густин со 50 мл ладна вода. Од вкупно 2 литри течност одвојте 50 мл за растворање на густинот. Од моментот кога вишните ќе провријат гответе околу 2-3 минути, а потоа додајте го растворениот густин. Мешајте уште неколку минути додека да згусне, па оставете да се олади.




Во посебен сад со миксер изматете 250 мл слатка павлака додека да добиете шлаг. Во длабока чинија истурете 200 мл млеко и во него растворете една кесичка ванилин шеќер. Изладениот пудинг изматете го пенасто со миксер, а потоа соединете го со путерот (и двете состојки мора да бидат на иста собна температура).




РЕДЕЊЕ: Пишкотите кратко натопувајте ги во млекото со ванила и редете ги збиени едно до друго за да го формирате првиот ред. Преку пишкотите распоредете половина од овошниот фил, па половина од кремот.

Израмнете па нанесете 4 полни лажици од изматената павлака. Израмнете па повторете ја постапката (пишкоти-овошен фил, крем и на крај шлаг). Деталите погледнете ги ОВДЕ. Втората верзија е уште поедноставна и побрза:




ПОСТАПКА – РЕЦЕПТ 2: Слатката павлака пенасто изматете ја додека да добиете шлаг. Во посебен сад измешајте ја киселата павлака со шеќерот во прав, па измешајте добро за да се соединат состојките. Потоа соединете го со шлагот од слатката павлака и добро измиксајте.




Добиениот фил поселете го на три делови. Пишкотите натопувајте ги кратко во сокот, па редете ги во дното од калапот. Преку пишкотите наредете третина од филот, па наредете ги јагоди исечкани на листови. Преку јагодите во тенок слој премачкајте со фил.

Потоа повторно наредете еден ред пишкоти кратко натопувани во газиран сок (сок од портокал). Преку пишкотите рамномерно распоредете фил, израмнете, па повторно наредете слој од сечкани јагоди на листови. Преку јагодите премачкајте повторно малку фил.

Завршете со уште еден слој пишкоти натопувани во сок, па целата торта премачкјате ја со преостанатиот фил. Декорирајте по вкус, со шлаг, рендано чоколадо, сируп од јагоди, ливчина од свежо нане или нешто по ваш избор.