Фотографија и рецепт на Верица Трајкоска. Овој колач се приготвува низ целата година, а се користи овошје по избор (сезонско).
Потребни состојки: 4 јајца, 2 чаши шеќер, 2 ванилин шеќер, 2 чаши јогурт, 1 чаша масло, 3 чаши брашно, 1 чаша гриз, 1 прашок за печиво, 500 г овошје (јас ставив кајсии). Напомена: се користи чаша од 200 мл
Постапка: Јајцата се матат пенасто со шеќерот и ванилин шеќерот. Потоа се додава маслото, па јогуртот и се продожува со матење.
Потоа се додаваат сувите состојки: гриз, прашок за печиво и брашно, па се продолжува со матење на поспора брзина.
Приготвената смеса се излева во намастен и набрашнет плех 22х32 см (доколку сакате потенок колач, одберете поголем плех).
Кајсиите се чистат од семките, се сечат на полумесечинки и се редат одозгора.
Се става на печење во загреана рерна на 220 степени додека да зарумени подеднакво. Печениот колач се остава да излади, па се сече на коцки и се наросува со шеќер во прав.
Фото и рецепт: Верица Трајкоска