За домашниот сируп од мајчина душичка и ѓумбир велат дека ја лекува кашлицата “како од шега”. На Интернет кружи овој рецепт и луѓето коментираат дека им помогнал уште од првиот ден кога почнале да го користат.
Потребни состојки:
¾ шолја мед
1 ½ шолја вода или повеќе
2 полни раце свежа мајчина душичка
1 парче свеж ѓумбир од 4 см
Постапка:
Во водата ставете ги мајчината душичка и ѓумбирот, па ставете на оган, на умерена температура.
Откога ќе зоврие оставете да се вари 10-тина минути. Потоа тргнете од оган, оставете доволно да подизлади за да можете да го додадете медот.
Процедете и постепено додавајте го медот со постојано мешање за да се растопи целиот и соедини со чајот.
Добиениот сируп оставете го да отстои половина час до еден час. Потоа преточете го во шише или тегла и чувајте го во фрижидер.
НАЧИН НА ДОЗИРАЊЕ
За возрасни: 3-5 супени лажици на ден помеѓу оброци
За деца: 3-5 чајни лажички дневно.