Потребни состојки:
300 г млечно чоколадо
600 г путер од кикирики (јас го правам домашен)
300 г marshmallow крем
300 г шеќер во прав
250 г карамел
250 г кикирики
200 г путер
Постапка:
На пареа растопуваме 150 г чоколадо, 150 г путер од кикирики и 100 г путер.
Смесата ја излеваме во обложен калап 20х30 и го ставаме на ладење. Мarshmallow кремот го мешаме со 300 г путер од кикирики и шеќер, распоредуваме врз чоколадниот слој, па наросуваме кикирики, па лесно ги притискаме со дланките. Смесата повторно ја ставаме на ладење.
Карамелот го излеваме врз кикириките и враќаме на ладење. Карамелот можете да си го направите и по свој рецепт, а можете да растопите 250 г карамел бонбони на пареа со 3 лажици слатка павлака.
На пареа го топиме остатокот од 150 г чоколадо, 150 г путер од кикирики и 100 г путер, па прелеваме врз карамелот. Нека отстои преку цела ноќ во фрижидер.
Напомена: ако ви се случи горниот слој да биде потврд од долните слоеви, па поради тоа да е нестабилен, едноставно ставете го во замрзнувач на неколку часови и после сечете.