Љубителите на собни цвеќиња знаат дека понекогаш е многу тешко одржувањето на поедини видови, па колку и да се трудите околу нив, тие постојано венеат и не можат да ја покажат својата убавина во полн сјај.
Колку повеќе цвеќиња имате дома, толку повеќе ќе бидете задоволни и расположени. Билките го одбиваат стресот и негативната енергија, а го разубавуваат домот. Затоа, никогаш не се откажувајте од своите билки.
Дали ви се случило некогаш, вашата омилена билка од непознати причини да почнала да се суши? Не очајувајте и не брзајте да се збогувате со неа. Ви предлагаме проверен начин со кој ќе ја вратите вашата билка во живот.
Потребни состојки: 1 кора од банана, 2-3 лажици мелено кафе, лушпа од 3 јајца, 1 литар вода. Постапка: сите состојки изматете ги во блендер додека да добиете изедначена смеса. Водата додавајте ја постепено, по потреба.
Со оваа смеса заѓубрувајте ја билката еднаш седмично. Повремено ставајте талог од кафе растворен со вода. Исто така, корисно е одозгора, врз земјата да наросите и мелени лушпи од јајца. За кратко време вашата омилена билка повторно ќе биде бујна и зелена.
За градината и цвеќето користете прашок за печиво на овој начин
За многумина можеби ќе звучи чудно и апсурдно користењето на прашокот за печиво во вашата градина или вашите цвеќиња. Но, според сведоштвата на бројни корисници, овој прашок има чу-дотворно дејство кога станува збор за растенијата.
Ова всушност е една многу интересна и корисна информација, особено за сите љубители на цвеќето и градинарските култури.
Еве што е потребно да направите:
Доколку имате проблем со габички, измешајте малку прашок за печиво со вода и со растворот испрскајте ги билките. За многу кратко време ќе исчезнат габичките.
Црви во зелката: Едноставно измешајте прашок за печиво и брашно, па таа мешавина поросете ја врз зелката. Црвите веднаш ќе исчезнат. Истата мешавина можете да ја искористите и врз голите полжави.
Кога ставате цвеќе во саксија, најпрво дното наросете го со прашок за печиво, а потоа додадете земја. Цвеќето ќе се препороди и подолго ќе трае.
Доколку имате проблем со мравки, едноставно наросете прашок за печиво околу мравјалникот и засекогаш ќе се ослободите од нив.
Чу до од раствор за најбезнадежните цвеќиња – Испробан рецепт кој ги враќа во живот собните цвеќиња
Овој рецепт е испробан и одлично делува. Ги враќа во живот и најбезнадежните собни цвеќиња! Лушпата од јајце, наједноставното и најдостапно средство за подобрување на условите и неутрализирање на вишокот киселост на земјиштето, е многу корисна за исхрана на градинарските и собните билки.
Во лушпата од јајце се наоѓа многу калциум, магнезиум и фосфор, кои едноставно, се неопходни за нормален раст на билките. Овој рецепт е испробан и одлично делува. Го враќа во живот и најбезнадежното собно цвеќе.
Потребни состојки: 1 литар вода, 2-3 јајца – само лушпите
Постапка: растворот се приготвува само од вода и лушпи од јајце. Лушпата може да ја користите цела или издробена. На еден литра вода се ставаат лушпи од 2-3 јајца. Доколку сакате, може да приготвите и поголема количина одеднаш од 3-5 литри на пример.
Лушпите се преливаат со водата и се оставаат 3-4 денови на собна температура. Повремено треба да се промешаат. Мора веднаш да ви кажеме дека мирисот не е пријатен, меѓутоа, растворот е нешто исклучително корисно за вашите билки. Садот можете да го поклопите.
Потоа, со овој раствор можете да ги полевате билките, вообичено како што тоа го правите со обична вода. Вашите билки ќе ви бидат благодарни. Пробајте, ќе бидете пријатно изненадени.